Кока Кола vs Пепси: Приказна за вечната борба меѓу двата конкуренти
Ривалството меѓу двата најголеми светски производители на газирани пијалаци, Кока-Кола и Пепси, која трае повеќе од еден век. Всушност, тоа е една од најпознатите приказни за борбата на овие два бренда во светот на бизнисот.
Порталот „CnnTees“ истражуваше и напиша хронолошка приказна за борбата на двајцата конкуренти , кој вклучува сè што некогаш сте сакале да знаете за добро познати производители на сокови.
Сагата започнува во 1886 година, кога Џон С. Пембертон го разви оригиналниот рецепт за Кока-Кола. Пепси-Кола пак е измислена 13 години подоцна од страна на фармацевтот Халев Бредхам. Во тоа време, Кока-Кола веќе продадавала над еден милион литри пијалаци годишно. Кока-Кола наскоро ќе го открие и новото култно шише со кое се проширува и на европскиот пазар.
Во меѓувреме, Пепси банкротираше поради Првата светска војна. Осум години подоцна, Пепси повторно се соочува стечај, но наскоро ќе застане на свои нозе и ја зголемува продажбата. За време на Втората светска војна, Пепси ги зголемува своите маркетинг инвестиции и почнува да продадава пијалок во лименки. Во текот на педесеттите, Кока-Кола силно се фокусира на телевизиски реклами, а Пепси ги прата за да не изгуби чекор со конкуренцијата. Во 1962-ра, Кока-Кола излегува на берза, а наскоро ќе започне со производство на нов бренд - Спрајт, кој брзо стана еден од најуспешните брендови во светот.
Во средината на шеесеттите години Пепси влезе во соработка со „FRITO-LAY“, со што настанува „PepsiCo“, и со ова здружување се поставени темелите на " војната", која продолжува и денес. Набрзо доаѓа до се поголем раст на популарноста на диететските пијалоци, што отвара сосема нов сегмент на потрошувачката. Поврзување со производителот на грицки, Фрито-Леј, Пепси има голема предност и придобивка, особено во последната деценија. Од друга страна пак, Кока-Кола остана во производството на пијалаци. Иако брендовите на пијалоците на Пепси не се толку силни, работата со производство на грицки,буквално им цвета.
Кока-Кола зазема поголем удел на пазарот на пијалаци, но Пепси поради поширокиот обем на бизнис, заработува повеќе пари. Секој од брендовите на своја страна има цела бригада од познати личности за маркетинг кои се разбира, се многу добро платени.
Од своето основање па се до денес и Кока-Кола и Пепси имаат поминато голем број измени и модификации на изгледот на нивните логоа. Со нетрпение ја прифатија популарноста на дигиталните медиуми и маркетинг предностите кои социјалните мрежи сега им ги пружаат на компаниите.
Слично
