Ко-основачот на Facebook и даде 20 милиони на Хилари да го порази Трамп
Доналд Трамп очигледно премногу го изнервирал Дастин Московиц кој е еден од основачите на Facebook натерувајќи го да донира 20 милиони долари за претседателската кампања на канидатот на демократите Хилари Клинтон.Московиц досега воопшто не бил политички активен и никогаш не донирал пари на политичари, но овие избори се критични за иднината на САД со две спротиставени идеологии.
- Оваа одлука не е лесна, особено затоа што ние сме резервирани кон секој што употребува голема сума на пари за да влијае на изборите. Се надеваме дека нашата донација ќе придонесе Клинтон да работи на агендата која ја презентираше и ќе биде сигнал за Републиканската партија која поддржува ваков кандидат, соопштија Московиц и неговата сопруга Кари Туна.Кампањата на Хилари досега успева да собере многу донации и нема проблеми со финансирање на ТВ спотовите, рекламите низ градовите и финансирањето на аналитичари и сурогати, но секако со оваа сума ќе може значително да му се спротистави на милијардерот Доналд Трамп кој пак, од друга страна нема да добие ниту долар од банкарите на Вол Стрит.
Слично
