КНИГАТА НА ПРИНЦОТ ХАРИ СЕ ПРОДАВА КАКО „АЛВА“: Сите ги интересира за најтешката кавга меѓу него и Меган
Принцот Хари во мемоарите
„Spare“ ги открива многубројните пикантерии во кралското семејство, и очигледно
целата светска јавност ја интересира токму тоа, па неговата книга се продава
како „алва“. Само за 24 часа се продадени над 400 илјади примероци и тоа само
во Велика Британија, додека во Франција се печатат дополнителни примероци од првиот
тираж, што е за 20 отсто со повисока продажба од првото издание на мемоарите на
поранешниот американски претседател Барак Обама. Урнат е рекордот уште од
првиот ден, со продадени повеќе од 1,4 милиони примероци во САД, Канада и
Велика Британија.
Според анкетите, публиката најмногу сака да знае за кавгата меѓу него и Меган, а еве што открива принцот во „Spare“ за тоа.
Станува збор за нивната прва караница, која, според зборовите на принцот, била како удар на гром што му помогнал да почне да ги решава проблемите од детството.
„Можеби виното ми удри во глава. Тие недели поминати во борба со печатот можеби ме истрошија. Мег кажа нешто што јас погрешно го разбрав. Делумно тоа беше поради нашите културни разлики, делумно поради јазичната бариера, но јас бев и малку пречувствителен таа вечер. Се прашував зошто така ми се сврте“, пишува Хари.
„И викав, и кажав груби и сурови зборови. Додека ги кажував, почувствував дека се замрзна во собата. Меган излезе од кујната, исчезна петнаесеттина минути. Ја најдов горе. Таа седеше во спалната соба. Беше мирна и мирно ми рече дека никогаш повеќе нема да толерира да и зборувам така.
„Таа сакаше да знае од каде ми доаѓа тоа. Не знаев како да и одговорам. Ме праша каде сум слушнал маж да зборува така со жена и дали некогаш сум слушнал како возрасните зборуваат така кога сум бил дете. Кога реков "Да", таа рече дека нема да толерира таков партнер. Ниту да има дете со него. Ниту ваков живот", го опишува текот на расправијата принцот и открива како му го променило животот.
Издавачите на мемоарите велат: „Колку што знаеме до сега, единствените книги што се продадени во најмногу копии на денот на објавувањето се „Хари Потер“.
EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO