Економија, финансии, бизнис

Контакт

Книгата „Мојата борба“ на Хитлер се враќа во книжарниците низ Германија

Книгата „Мојата борба“ на Хитлер се враќа во книжарниците низ Германија

Книгата на Адолф Хитлер „Мојата борба“ ќе се појави повторно во германските книжарници - 70 години по крајот на Втората светска војна и поразот на нацистичка Германија. Книгата ќе излезе следниот месец на пазарот во нова форма, со забелешки.

Критичкиот коментар е плод на неколку години напорна работа. Плановите за повторно издавање на книгата предизвикаа контроверзии и критики, претежно од еврејските организации во Германија, според кои таа е опасна.

Историчарите, сепак, се со мислење дека новото издание може да ја пополни „празнината“ во познавањето на Германците за овие години и да даде одговор на многу прашања.

Авторските права на „Мојата борба“ истекле и таа повторно ќе може да биде купена од книжарите.

Делото на Хитлер било издадено во текот на годините во неколку други земји, вклучувајќи ја и  САД.

Откако нацистите дојдоа на власт во 1933 година, милиони копии се испечатени во Германија.

Директорот на Институтот за современа историја во Минхен, Андреас Виршинг е со мислење дека книгата не смее да биде проценувана како историски извор, бидејќи таа може да е клучот за разбирањето на нацистичката идеологија.

Слично

Поврзани вести