КНИГА ЗА КУРЦ ОТКРИВА ДЕТАЛИ: Тој има потекло од Војводина?
Најмладиот канцелар во Австрија и Европа, Себастијан Курц има семејни врски со Србија. Овoj податок е откриен во биографската книга на 31-годишниот министер за надворешни работи, што ја напиша германскиот новинар Паул Ронцхајмер.
Книгата „Биографија“ нуди интересен увид во животот на Курц и неговиот политички пат до врвот на партијата и Владата. Авторот го прикажува како извонредна појава на европската сцена.
Неговото детство го одбележало животот помеѓу Виена и еден селски имот каде што живееле неговите дедо и баба.
Бегалската проблематика е позната во семејството затоа што неговата баба е по потекло од Србија, Војводина, од каде избегала за време на Втората светска војна. По распадот на Југославија и војната на овие простори, родителите на Курц во 1990-та година примиле во нивниот дом бегалци од Босна. Курц, како што стои во книгата, заедно со нив учел германски, си играл или одел на базен. На основа на ова искуство тој, никогаш не сеел омраза кон странците, ниту, пак, имал нереален пристап во интеграцијата на бегалци и мигранти, туку неговата стратегија е повеќе прагматична.
Курц на 16-тата година од својот живот се приклучил кон Народната партија.
