Економија, финансии, бизнис

Контакт

Клучните поенти за судирот меѓу Саудиска Арабија и Иран

Клучните поенти за судирот меѓу Саудиска Арабија и Иран

Oдлуката на Саудиска Арабија да ги прекине дипломатските односи со Иран може да е заканувачки знак за нешто посериозно, пишуваСи-Ен-Ен.

Односите меѓу Саудиска Арабија и Иран, двете моќни земји на Блискиот Исток, се влошија по погубувањето на шиитскиот свештеник Шеик Нимр ал-Нимр.

Неговата егзекуција заедно со уште 46 други лица, кои Саудиска Арабија ги прогласи за терористи, беше повод за протестите на шиитското малцинство во земјата. По егзекуцијата, демонстранти ја нападнаа амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран, фрлајќи молотови коктели и славејќи откако зградата ја зафати пламен. Иранскиот врховен лидер Али Хамнеи се закани дека политичарите од сунитското кралство ќе бидат „соочени со божјата одмазда" заради неговата смрт.

b6fdc1cc426d3153dd567a7f3e0f5060

Аналитичарите сметаат дека одлуката на Саудиска Арабија да ги прекине дипломатските односи со Иран може да е заканувачки знак на нешто посериозно, пишуваСи-Ен-Ен. Ова се клучните прашања кои се врзани со најновите случувања помеѓу двете блискоисточни ривали:

Дали војната со зборови би можела да ескалира во нешто повеќе?

Тоа веќе се случува, дури и пред Саудиска Арабија да ја објави својата одлука за прекин на дипломатските односи со Иран, нивниот судир се случува на арапските улици. Двете земји веќе беа на спротивни страни во Сирија, Ирак, Јемен, Бахреин и Либија. Сега е само прашање колку полоши ќе станат работите. Според воениот аналитичар Марк Херлинг можно е да избие и директен воен судир и ситуацијата би можела да ескалира брзо.

Зошто постојат тензии помеѓу двете земји?

Неподносливоста помеѓу двете земји не е ништо ново. “Саудиска Арабија и Иран не се ни природни сојузници, ни природни непријатели, туку се природни ривали кои долго се натпреваруваат како главни производители на нафта и самопрогласени бранители на шиитскиот, односно сунитскиот ислам“, напиша во 2011 професорот Мосен Милани.

И Ријад и Техеран се прикажуваат како жртви како што ескалираат тензиите. “Постои голем јаз меѓу нив, пренесена војна, студена војна која се случува меѓу нив. Тоа е војна околу геополитиката, се работи за влијание“, смета академикот Фаваз Жержес.

Зошто работите сега се влошуваат?

la-fg-protests-iran-saudi-arabia-execution-20160103

Аналитичарите сметаат дека ако се погледне внатре во двете земји, станува јасно зошто и двете имаат интерес во одржувањето на ривалството. Постојат причини во внатрешната ситуација што двете земји токму сега се однесуваат вака.

Саудиска Арабија се занимава со падот на цената на нафтата и внатрешните борби околу тоа кој ќе го прземе престолот. Иран, бара начин да ги блокиа реформистите и западниот свет во насока на неодамна склучениот нуклеарен договор. За двете страни национализмот може да им донесе бодови дома. Тоа ги прави неверојатно опасни за судир.

Што може да очекуваме во наредните денови?

Не очекувајте радикалната реторика да спласне наскоро, порачуваат аналитичарите. “Овде имате две најмоќни исламски земји во срцето на Блискиот исток кои сега се во директна конфронтација за разлика од индирекна војна, па би требало да сме многу вознемирени поради ескалација на судирите“, смета аналитичарот за глобални односи Боби Гош.

Слично

Поврзани вести