КЛУЧЕН ПОТЕГ: Путин го призна Крим како суверена држава!
Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша указот со кој полуостровот Крим се признава како суеверена држава, објави руската агенција РИА .
Ова е прв потег на официјална Москва, откако вчера жителите на Крим со огромно мнозинство од над 96% од излезените гласачи се определија за отцепување од Украина.
На вонредна седница, кримскиот Парламент денеска упати и официјално барање за прием во Руската Федерација како посебна република.
Вршителот на должност украински претседател Олександр Турчинов денеска изјави дека Киев е подготвен на преговори со Москва околу Киев, но оти никогаш нема да ја прифати анексијата на полуостровот.
„Спремни сме на преговори, но никогаш нема да се помириме со анексија на наша територија“, рече Турчинов. Тој нагласи дека секоја акција која поттикнува масовни немири во Украина ќе се смета за „поддржување на воениот агресор и злостроство врз државата“.
Слично
