Клинтон: Трамп сака да не раздели од остатокот на светот
Кандидатот за претседател на САД Хилари Клинтон го обвини својот опонент Доналд Трамп дека „слика погрешно мрачна слика за иднината на американското општество“. Изјавата таа ја даде за време на Националниот конгрес на демократите, кој се одржува во Филаделфија.
Клинтон објасни дека гледа во Трамп главна закана за безбедноста на САД, бидејќи неговите скриени намери биле да ги подели Американците од остатокот од светот, како и еден од друг, со ширење страв во нив.
„Не можеме да му веруваме на овој човек. Уште повеќе не можеме да му веруваме за атомските оружја. Тој ја губи самодовербата при најмала провокација. Како да му веруваме на некој кој може да примами со еден твит во социјалните мрежи“, рече Клинтон.
Според неа Американците имаат право да бидат лути и незадоволни поради економијата на земјата, бидејќи се уште не работи како што треба. „Слушнав многу луѓе кои чувствуваат дека економијата не работи за нив. Некои од нив се разочарани, дури гневни. И знаете што? Во право се. Не работиме како што треба“, истакна поранешната прва дама на САД.
Клинтон му вети јавно на американскиот народ дека ќе ја направи економијата во своја основна мисија во евентуалното и идно управување и ќе ја изведе до нивото на кое заслужува да биде. Таа најави дека ќе се бори за создавање на повеќе можности и подобри работни позиции во САД .
„Од првиот до последниот ден на функцијата ќе работам за економскиот развој на нашата земја“, истакна кандидатката за прва дама на САД.
Слично
