Економија, финансии, бизнис

Контакт

Клинтон: Се чувствувам лично одговорен бидејќи ги натерав Украинците да се согласат да се откажат од своето нуклеарно оружје

Клинтон: Се чувствувам лично одговорен бидејќи ги натерав Украинците да се согласат да се откажат од своето нуклеарно оружје

Екс американскиот претседател Бил Клинтон во интервју за ирскиот „RTÉ news“ изјави дека жали затоа што во 1994 година ги уверил украинските власти дека треба да се откажат од нуклеарното оружје.

Вели дека чувствува лична одговорност и се кае. 

„Ако Киев имаше нуклеарно оружје, Русија немаше да ја нападне Украина“, рече Клинтон.

По распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, Украина стана трета по големина нуклеарна сила во светот. Но, во 1994 година, по разговорите меѓу САД, Русија и Украина, Клинтон објави дека Украина се согласила да го отстрани нуклеарното оружје од нејзината територија, пишува „Јутарњи лист“.

Украинскиот претседател Леонид Кучма, рускиот претседател Борис Елцин, американскиот претседател Бил Клинтон и британскиот премиер Џон Мејџор го потпишаа Меморандумот од Будимпешта. Тогаш Украина прифати да го отстрани нуклеарното оружје од својата територија, во замена за безбедносна гаранција од потписниците: САД, Обединетото Кралство и Русија.

Во февруари 2014 година, Русија го нападна украинскиот полуостров Крим, прекршувајќи го, меѓудругото, Меморандумот од Будимпешта.

Клинтон рече дека поддршката на Западот за Украина мора да остане цврста. Вели дека ова што го направи рускиот претседател Владимир Путин е погрешно и затоа САД и Европа мораат да ја поддржуваат Украина. 

Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари. Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска е во посета на Полска, а полските власти порачаа дека со Русија не треба да има компромис. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести