Клинтон не може да преболи, криви и биле лажните веб сајтови од Македонија
Американската политичарка Хилари Клинтон сеуште со огорченост говори за поразот на претседателските избори во САД, а овој пат на собир во Калифорнија ги посочи македонските сајтови за лажни вести кои објавуваа пропаганда против неа и во корист на Доналд Трамп.
Клинтон вели дека руски хакери ги пробиле мејловите од нејзината изборна кампања и потоа ги пласирале токму на „фејк њуз“ сајтовите кои беа креирани претежно од млади велешани, а споделувани на социјалните мрежи.
Тоа што Клинтон не може да го признае е дека водеше очајна изборна кампања во која немаше никаква јасна порака за иднината на САД. Исто така заборава дека вестите доаѓаа од десно-ориентирани американски сајтови, а Македонците сами ги пласираа поагресивно на Фејсбук, од каде пак, поддржувачите на Трамп своеволно ги ширеа.
