Економија, финансии, бизнис

Контакт

Клинтон ја зголемува предноста пред Трамп

Клинтон ја зголемува предноста пред Трамп

Хилари Клинтон води со рекордни 12 процентни поени до овој момент пред противникот Доналд Трамп по популарност меѓу гласачите пред претседателските избори на 8 ноември. 

Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на американската телевизија Еј Би Си. 

Според анкетата за кандидатот на демократите се подготвени да гласаат 50 отсто од испитаниците, за Трамп ќе ги дадат своите гласови 38 отсто. Во меѓувреме жената која раководи со кампањата на Доналд Трамп - Кели Конвеј, призна дека републиканскиот кандидат за Белата куќа заостанува зад Хилари Клинтон. Конвеј го призна овој факт од финансиски причини.

Според неа Клинтон има „огромни предности“, вклучувајќи и финансиски, кои и дале можност да потроши милиони за телевизиска реклама пред изборите на 8 ноември. 

Конвеј посочи дека предизборниот тим на Трамп ќе вложи напори да ги привлече гласачите, кои се уште не одлучиле за кого ќе гласаат, но и не се подготвени да ја поддржат Клинтон.

Слично

Поврзани вести