Економија, финансии, бизнис

Контакт

КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ „УДРИЈА“ ПО БАНАНИТЕ: Страдаат плантажите во Јужна Америка

КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ „УДРИЈА“ ПО БАНАНИТЕ: Страдаат плантажите во Јужна Америка

Климатските промени им се закануваат на плантажите со банани.

Анализата на меѓународната добротворна организација за развој „Кристијан Еид“ објавена денеска покажува дека растечките температури и штетниците поврзани со климата ги ставаат бананите во опасност.

Утврдено е дека скоро две третини од најсоодветните области за одгледување банани во Латинска Америка и Карибите – регион одговорен за околу 80 проценти од светскиот извоз на банани, би можеле да бидат изгубени до 2080 година поради климатските промени.

Бананите растат во температурен опсег помеѓу 15 и 35 степени Целзиусови, но тие се многу чувствителни на недостиг на вода, што значи дека сè поекстремните временски услови влијаат на способноста на растението да преживее.

Болести како што е „fusarium tropicala 4“, исто така, се појавија како растечка закана во последниве години, предизвикувајќи губење на цели плантажи низ Латинска Америка.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести