Економија, финансии, бизнис

Контакт

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ: Еве во кои земји температурите ќе достигнат над 70 степени

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ:  Еве во кои земји температурите ќе достигнат над 70 степени

Во некои земји до крајот на овој век, доаѓаат пеколни температури. Научниците предупредуваат дека во тие предели ќе нема услови за живот.

Земјите од Персискиот залив ќе ги погодат такви топлотни бранови какви што на Земјата не се забележани откако на неа живеат луѓето.

До 2100 година делови од Катар, Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Оман ќе имаат таква комбинација на температури и влага кои човечкото тело нема да може да ги издржи, се наведува во студијата објавена во магазинот Nature Climate Change.

На овие места, дневните температури ќе достигнат и до 75 степени Целзиусови и ќе има голема влага, што луѓето не ќе можат да ја издржат.

Таквите супер топлотни бранови, според симулациите, ќе удираат еднаш во десет години, а научниците предвидуваат дека би можеле да донесат висока стапка на смртност.

Слично

Поврзани вести