Економија, финансии, бизнис

Контакт

Климатски промени: Арктикот станува пловен!

Климатски промени: Арктикот станува пловен!
Специјалниот танкер за превоз на течен природен гас е првиот ваков брод кој плови преку Арктикот благодарение на климатските промени. Танкерот „Об Ривер“ исплови од Норвешка на 7-ми ноември и сега плови покрај северниот брег на Русија, додека Јапонија е крајната дестинација. Со новата рута треба да заштеди 20 дена пат во однос на претходните патувања.Сопствениците на бродот велат дека транспортот преку Арктикот е исплатлив поради климатските промени и моментната ситуација на пазарот на гас, јавува Би-Би-Си. Танкерот Об Ривер е направен во 2007 година, има зајакнат труп и може да носи до 150.000 кубни метри гас. Сепак за време на поголем дел од пловидбата ќе го следи руски мразокршач на нуклеарен погон. Бродот со екипаж од 40 членови го закупи руски Газпром од сопственик од Грција, а патот е подготвуван повеќе од една година. Клучен фактор за одлуката да се искористи северниот поморски пат се неодамнешни научни извештаи за рекордно топење на мразот на Арктикот. Тоа го намалува патувањето на бродот за 40 отсто како и количината на потрошено гориво.Втора причина е појавата на американски гас од шкрилци на пазарите што ја намали потребата за увоз на гас во таа држава. Истовремено, по катастрофата во Фукушима, во Јапонија се зголеми интересирањето за алтернативни извори на енергија, одобено гас. Како што пренесува Би-Би-Си, оваа година беше рекордна во поглед на должината на поморската сезона, како и по количината на пренесен товар.
Слично

Поврзани вести