Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кличко за Буча: Русите ги врзаа рацете на цивилите и ги ликвидираа, веднаш ставете ембарго

Кличко за Буча: Русите ги врзаа рацете на цивилите и ги ликвидираа, веднаш ставете ембарго

Направен е геноцид, одговорен е Путин, вели киевскиот градоначалник Виталиј Кличко. 

Тој зборуваше за Буча, каде беа најдени тела по улиците и масовна гробница со скоро 300 тела. 

„Она што се случи во Буча и другите предградија на Киев може да се опише само како геноцид. Тоа е брутално воено злосторство за кое е одговорен Путин. Тие ги врзаа рацете на цивилите и ги ликвидираа.  После ова има само една можна последица: ниту еден цент од Германија или остатокот од светот не треба повеќе да оди во Русија. Тоа се крвави пари што убиваат луѓе. Веднаш воведете ембарго за нафта и гас“, рече Кличко за германски Билд. 

Сличен повик за воведување на построги санкции на Твитер упати и шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба.  Тој објави и видео со тела на убиени луѓе по улиците на Буча. Дури Буча ја нарекоа „нова Сребреница“. 

Од вчера Буча е под контрола на украинските сили, а руските војски се поттиснати, но сликата која ја затекнаа таму е сраотна. 

фото Твитер

Слично

Поврзани вести