Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кличко вели дека руските бомби убиваат сè во радиус од 500 метри

Кличко вели дека руските бомби убиваат сè во радиус од 500 метри

Во Киев загинаа 264 цивили, објави градоначалникот Виталиј Кличко. 

Додава дека во оваа бројка на загинати има и деца. Кличко дека борбите се водат во Лиутиж, село на 30 километри од Киев, и дека украинската армија ја вратила контролата врз областите северозападно и североисточно од главиот град, вклучувајќи го и поголемиот дел од Ирпин.

„Украина ја врати контролата врз западниот град Макариов“, тврди градоначалникот.

Вели дека Русија врши „геноцид“ во Украина и дека секое евро го вложува во војската. Тој го кажа ова на видео конференцијата со официјални лица од Минхен, побарувајќи тие да ја притиснат федералната Влада да ги прекине сите економски врски со Русија, јави ДПА. Кличко вели дека руските бомби убиваат сè во радиус од 500 метри. Објаснува дека она што се случува е кошмар. 

Веќе 28 дена руските трупи војуваат во Украина.  Украинскиот претседател Володимир Зеленски бара уште построги санкции за Русија. Oва го побара од Франција и Јапонија. 

Слично

Поврзани вести