Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кличко се откажа од Германија за да се кандидира за претседател

Кличко се откажа од Германија за да се кандидира за претседател

Поранешниот светски шампион во бокс и лидер на украинската опозиција Виталиј Кличко изјави денеска дека се откажал од одобрението за постојан престој во Германија, бидејќи тоа би можело да му попречи да се кандидира за претседател.

- Имам дозвола за престој во Европа, но нема да ја користам. По независноста на Украина во 1991 година бев државјанин на Украина, и се уште сум, рече Кличко на прес-конференција во Дњетропетровск.

Во декември тој стави крај на спортската кариера, за да се кандидира за претседателските избори. Уште пред почетокот на протестното движење, властите изгласаа измени во даночниот закон, за, како што тврдеше тој, да му попречат да се кандидира со образложение дека тој плаќал данок во Германија.

Слично

Поврзани вести