Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кличко: Се обидуваме да ја надмудриме руската армија колку што можеме

Кличко: Се обидуваме да ја надмудриме руската армија колку што можеме

Се очекува дека руските сили наскоро ќе го нападнат главниот град на Украина, Киев. 

Владимир Кличко, припадник на украинските сили на територијалната одбрана, поранешен сетски боксерски шампион и брат на градоначалникот на Киев, изјави за Си-Ен-Ен дека руските војници денеска напаѓаат области во целата Украина, а нивната главна цел е главниот град на Украина, Киев.

„Во следните денови, очекуваме значителен напад врз главниот град. Тие се регрупираат. Тие се обидуваат да најдат различни стратегии и се обидуваат да го најдат вистинскиот начин и вистинскиот тајминг. Во секој момент очекуваат напад на главниот град, особено, како што реков, следните денови. Нивната цел е главниот град“, рече Кличко.

Тој додаде дека волјата на украинскиот народ останува силна, но му треба поддршка.

„Се обидуваме да ја надмудриме руската армија колку што можеме. Не знам колку долго ќе издржиме, но ние ќе издржиме онолку долго колку што можеме. Она што е навистина неопходно е меѓународна поддршка. Треба да ја изолирате Русија и руската економија“, рече тој.

Вели дека им треба поддршка – финансиска, хуманитарна, воена опрема.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко во разговор за СИ-ЕН-ЕН ги повика Украинците да ја „одбранат иднината“ во борбата против желбата на рускиот претседател Владимир Путин „повторно да го изгради руското царство“.

Тој додаде дека „Киев има доволно ресурси за една до две недели, доколку руската војска успее целосно да го опколи“. Повеќето жители на Киев веќе го напутиле градот. 

Слично

Поврзани вести