Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Кличко се јави во живо, руска граната падна близу школо и градинка, има жртва

(ВИДЕО) Кличко се јави во живо, руска граната падна близу школо и градинка, има жртва

Граната погоди станбена зграда во украинскиот главен град Киев, која пак е лоцирана близу до градинка и училиште. 

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко денеска во живо се јави на социјалните мрежи од урната петкатница во градот.

„Овде падна граната. Гледате голем кратер. А што е страшно? Што во близина има градинка, а од другата страна е училиште“, вели Кличко.

Спасени се 12 луѓе, 98 се евакуирани. Повредени се четири деца, а едно лице загина.  Хоспитализирани се 19 лица. Се интензивираат борбите во северните предградија на Киев. Русите напаѓаат, Украинците засега ефикасно со бранат. 

Жртви има и во  градот Лавов. 

фото Принтскрин


Слично

Поврзани вести