Кличко: Путин треба да биде запрен
Претседателот на Русија Владимир Путин треба да биде запрен пред неговите акции да доведат до појава на трета светска војна. Тоа го изјавил во интервју за весникот „L`Equipe“ светскиот шампион во бокс во тешка категорија Владимир Кличко.
Боксерот дал интервју за популарниот весник пред борбата со Американецот Брајан Џенингс во која Украинецот ќе ја брани шампионската титула. Овој натпревар ќе се одигра на 25 април во Њујорк. На прашањето што би рекол за Путин ако двајцата се состанат, Кличко одговорил: „Дека прави грешки, какви што се правеле и во минатото“. „Оваа војна во источна Украина е бесмислена, ние сме браќа. По две, пет или 20 година Русија ќе се извинува за својата агресија и анексија над Крим“.
„По она што се случило за време на Втората светска војна, не треба да се игнорираат меѓународните закони. Она што се случува сега, може да предизвика трета светска војна“, изјавил Кличко, пренесува „BBC“.
Боксерот ги повика западните земји да заземаат цврст став во односите со Русија. Тој додал: „Сметам дека европската заедница спие. Путин прави што сака“.
„Во боксот има тактика“ напад врз напад. „Тој Путин нема да се запре, ако ние не му покажеме до каде може да стигне. Инаку тој ќе продолжи да оди напред“, истакнал светскиот шампион. И додал дека е подготвен да ја брани својата татковина со оружје во рака ако добие покана за заповед од украинската армија.
