КЛИЧКО: Путин е болен, сака нов СССР!
Градоначалникот на Киев и првакот на светот во бокс Виталиј Кличко истакнува дека работата на чело на градската власт е потешка од боксерската и го обвинува рускиот претседател Владимир Путин дека сака да изгрди нов Советски сојуз.
„Путин е болен. Тој со својата тактика го успеа она што никогаш не помислив дека е можно, а тоа е дека никој не може на два братски народи да им стави јаз. Знам за што зборувам, бидејќи мајка ми е Русинка. Путин сам да изгради нов Советски сојуз и за таа голема империја му е потребна Украина“, објаснил тој во интервју за виенски дневник „Пресе“.
Кличко кој ужива посебен углед на германско говорниот простор, истакнува дека има иста цел како и претседателот на Украина Петро Порошенко, а тоа е земјата да биде европска држава со европски стандард на живот и вредности.
Поврзано за неговата функција рекол дека со својата сила сак од Киев да направи град кој се развива, додавајќи дека овој град има потенцијал.
Во врска со тоа рекол и дека Киев веќе придобил инвеститоти за шест проекти.
Кога граѓаните се заблагодаруваат за промените, повеќе чистота и ред, за интензивни комунални активности тогаш имам чуство на успех. Тоа не е победа со нокаут, но собирам поени, објаснил Кличко.
Работата на градоначалник е многу, многу потешка од светски првак во бокс. Борбата против корупција, против стариот систем и за реформи се води далеку повеќе од 12 рунди. Мојот ринг сега е поинаков, а противниците многу посилни. Меѓутоа останав ист и моето мото е и понатаму „без борба нема победа“, нагласил Кличко.
