Кличко објави колку жители на Киев загинале досега
Над 100 жители на Киев загинале досега откако на 24 минатиот месец Русија ја нападна Украина.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека повеќе од 100 луѓе загинале во главниот град откако Русија ја нападна Украина. Тој додаде дека од почетокот на војната во Киев се уништени 82 станбени згради.
Кличко соопшти уште дека досега 4 деца загинале, а 16 други се повредени и се наоѓаат во болница.
Најново е тоа што руската војска го зазеде и градот Мариупол.
Слично
