Кличко не сака Русите да уживаат во Европа, додека руските војници убиваат Украинци
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко обвини дека Русија е земја на диктатура, а повеќе од 70 отсто од Русите го поддржуваат рускиот претседател Владимир Путин.
Бара повторно да се воспостави „железната завеса“ против Русија, но не со нов ѕид, туку со забрана за влез на руските граѓани кои сакаат да се одморат на запад.
Кличко за весникот „Билд“ кажа дека не може да поднесе Русите да уживаат во Европа, на одмор на плажа, додека руски војници убиваат Украинци.
Шефот за надворешна политика на Европската Унија (ЕУ), Жосеп Борел е против идејата за целосна забрана за издавање на визи за Русите. Според него, на најголемите руски бизнисмени не треба да им се дозволи влез во Европската Унија, но вели дека има многу Руси „кои сакаат да ја напуштат земјата и кои не се подготвени да бидат таму во ваква ситуација.Естонија даде предлог да им се забрани влез на Русите во Европа.
Естонија планира да им забрани на руските државјани со шенген визи издадени од балтичката држава да влезат во земјата поради руската инвазија на Украина. Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари.
