Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кличко: Кога последниот руски војник ќе ја напушти Украина, ќе кажам благодарам

Кличко: Кога последниот руски војник ќе ја напушти Украина, ќе кажам благодарам

На Украина ѝ треба меѓународна помош за да изгради иднина одвоена од Путин, вели градоначалникот на Киев Виталиј Кличко. 

Рече дека на неговата земја ѝ е потребна меѓународна помош за обнова за „да изгради европска иднина одвоена од авторитарната и диктаторска Русија на Владимир Путин", пренесе Гардијан. Сега Киев штеди, така што ги исклучуваат уличните светла. 

Кличко рече дека главен приоритет на Украина е да победи во војната, но дека долгорочна цел е обновата на земјата. Тој се надева дека обновата ќе помогне да се вратат милионите луѓе кои ги напуштија своите домови. Кличко вели дека Русија полека се движи во правец на Северна Кореја

„Причината за оваа бесмислена војна е нашата желба да бидеме дел од европското семејство, со европски квалитет на живот, со вредности - човекови права, слобода на печатот, демократски вредности. Русија никогаш не го прифати ова бидејќи сметаат дека Украина е дел од руското царство. Ние не сакаме да се вратиме во СССР“, изјави Кличко за Гардијан.

Кажа дека сега им е потребно најдоброто оружје за да се одбранат. 

„Кога последниот руски војник ќе ја напушти Украина, ќе кажам благодарам и доста е. Но, сега мора да продолжиме. Главна работа е волјата за победа, мотивацијата е важна. Ние сме толку мотивирани затоа што ги браниме своите семејства, своите домови. За разлика од тоа, руската војска се бори за пари“ рече Кличко во интервјуто за Гардијан.

Тој вели дека од нив зависи дали ќе ги истераат Русите од Украина. Западот вети помош за обнова на Украина. 

„Обновата на Украина „мора веднаш да почне“, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц на меѓународна конференција во Берлин. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски апелираше за помош за покривање на буџетскиот дефицит на земјата. 

фото ЕПА

Слично

Поврзани вести