Кличко: Ќе се бориме, нема да го оставиме Киев на непријателот
Руските сили се на периферијата на Киев, вели градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, поранешен светски шампион во бокс.
Тој во видео порака вели дека украинската армија е „подготвена да го брани главниот град“.
„Се градат тврдини на влезовите во градот. Не излегувајте непотребно и останете во засолништа во случај на вонредна состојба“, рече тој.
На граѓаните им порача да останат мирни.
„Ќе се бориме, нема да го оставиме Киев на непријателот“, додаде Кличко.
Во претходна видео порака, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека одбраната на Киев е „владин приоритет“.
„Ако го заштитиме Киев, ќе ја заштитиме и државата. Тоа е срцето на нашата земја и мора да продолжи да чука“, рече Зеленски.
Се очекуваат жестоки напади на Киев, за што руското Министерство да одбрана издаде предупредување.
