Кличко: Ќе ја ослободиме нашата земја од руските варвари кои дојдоа во неа!
100 дена руска варварска војна за уништување на Украина и Украинците, напиша на Телеграм, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Вели дека тие 100 дена се како еден долг, напорен ден кој никогаш не завршува.
„Емоции, напорна работа, крвави битки, загуби и смртни случаи ги одбележаа тие денови. Сепак, ова е време на нашата храброст и нашата истрајност. Сите заедно стоиме и се бориме. Еден за сите, сите за еден. Им се восхитуваме на нашите вооружени сили. Ќе ја ослободиме нашата земја од руските варвари кои дојдоа во неа!Да, ќе биде тешко. Но, верувам дека секој од нас достоинствено ќе ги помине овие искушенија. Затоа што ова е војна на злото и доброто. А доброто, а правдата сепак победува“, напиша Кличко.
Тој на почетокот на руската инвазија на Украина, која почна на 24 февруари изјави дека е пријатено изненаден затоа што многу јавни личности, актери, музичари, лекари, се вклучиле во одбрана на државата. Русија ја почна инвазијата со барање Украина да биде воено неутрална, да се денацифицира, а сега станува поизразено и барањето територии од Украина да бидат дел од Русија.
Слично
