Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кличко кажа која му е најголемата желба, но и која е намерата на Путин

Кличко кажа која му е најголемата желба, но и која е намерата на Путин

Мојата најголема желба е руските трупи да се повлечат од Киев, вели украинскиот градоначалник Виталиј Кличко за Скај њуз. 

Кличко изјави дека целта на режимот на рускиот претседател Путин е да ја обнови руската империја и да ја окупира Украина.

„Русите си заминуваат, руските војници мора да ја напуштат нашата земја, после тоа сме подготвени да разговараме“, вели градоначалникот.

Кличко особено ѝ се заблагодари на Велика Британија што ѝ помага на неговата земја. Тој вели дека многу јавни личности земале оружје за да ја бранат земјата, иако никогаш не помислиле на такво нешто. 

„Никој не сака да умре, но ова е нашиот дом, нашиот роден град, тоа се нашите семејства, тоа се нашите деца, ние ги браниме нашите деца и нашата иднина“, рече тој.

На 24 февруари, Русија ја нападна Украина. 

Инаку, ново е тоа што Јужна Осетија, oбласт во Грузија сака да се припои кон Русија. 

Ова го најави претседателот на Јужна Осетија, Анатолиј Бибилов. Русија ја призна оваа област за независна во 2008 година по руско-грузиската војна, но меѓународната заедница и понатаму ја признава како дел од Грузија.

Слично

Поврзани вести