Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кличко бара нови санкции за Русија

Кличко бара нови санкции за Русија
Лидерот на украинската партија УДАР Виталиј Кличко на средба со американскиот потпретседател Џо Бајден побарал САД да воведат нови, посилни санкции против Русија. „Западот мора веднаш да воведе жестоки санкции против Русија. Тие мора да ги опфатат сите сектори на економијата и вистински да ја здоболат Москва“, изјавил Кличко. Тој додал дека неговата партија ја поддржува антитерористичката операција во источните делови на земјата и нагласил дека за Украина е исклучително важна воената и воено-техничката помош од САД. САД воведоа санкции против одреден број руски официјални претставници, а санкциите вклучуваат замрзнување на нивниот имот и забрана за влез на американска територија. Од правните лица санкциите ја опфатија само банката „Русија“.  
Слично

Поврзани вести