Клаус Шваб: Економската криза не е завршена!
Oсновачот на Светскиот економски форум Клаус Шваб предупредува дека и покрај растот на довербата во глобалната економија и понатаму постои закана од сериозни опасности.
Во пресрет на годинешниот собир на бизнис и политички лидери во Давос, кој почнува на 23 јануари, Шваб истакна дека се потребни „внимателен реализам“ и подобрување на довербата на јавноста за да се избегне нова голема финансиска криза.
„На светската економија се уште и се заканува колапс доколку дојде до негативен развој на настаните“, посочува тој.
Берзите од почетокот на оваа година бележат раст на акциите, а еврозоната веќе не е во непосредна опасност од колапс. Меѓутоа, невработеноста во голем број развиени економии и понатаму е висока, а довербата на граѓаните во деловните и политичките лидери е се помала.
