Економија, финансии, бизнис

Контакт

Клаус: Поради обидите да не казнат, Чесите време е да размислуваат за излез од ЕУ

Клаус: Поради обидите да не казнат, Чесите време е да размислуваат за излез од ЕУ

Поранешниот чешки претседател, Вацлав Клаус изјави дека е време Чесите да почнат да се подготвуваат за излегување на нивната земја од Европската Унија.

Клаус го соопшти ваквиот став по одлуката на Европската комисија да ги тужи Полска, Унгарија и Чешка затоа што одбиваат да примаат бегалци. Тој смета дека ваквата одлука јасно ги покажува намерите што ги има Европа за Чешка.

„Принципиелно и одлучно протестираме против одлуката на ЕУ за почнување постапка за т.н. непримање на имигранти врз основа на наметнатите квоти од страна на Брисел. Протестираме поради обидите да нѐ казнат и да не натераат да бидеме послушни. Го отфрламе аргументот дека мораме да бидеме на маса, дека мораме да бидеме присутни кога се донесуваат одлуки, дека мораме да бидеме во сржта на Унијата. Ние сме присутни и сега во процесот на донесување на одлуки во ЕУ, но ние не одлучуваме. Гласот на Чешка се игнорира. Грантовите од фондовите на ЕУ не ни се потребни и не ги сакаме“- вели  Клаус.

Единствениот спас за Чешка, Вацлав Клаус го гледа во „Чегзит“, кој сепак Чесите не го сакаат.

Според истражувањето на ЦВВМ направено во јуни, доверба во ЕУ има само кај 32% од Чесите, додека 60 % одбиваат Чешка да ја напушти ЕУ. 

Слично

Поврзани вести