Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕРКАТА НА ШОЈГУ ТОПЛЕС НА ПЛАЖА НА ЦРНО МОРЕ, насмеана и расположена, очигледно војната не и влијае

ЌЕРКАТА НА ШОЈГУ ТОПЛЕС НА ПЛАЖА НА ЦРНО МОРЕ, насмеана и расположена, очигледно војната не и влијае

Многу туристи бегаат од Крим поради бомбардирањето, но ќерката на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу нема таква грижа.

Ксенија Шојгу е снимена како топлес се сонча на плажа покрај Црното Море и ужива на сонцето додека од друга страна војската со која раководи нејзиниот татко учествува во украинскиот конфликт. 

Фотографиите на кои ќерката на рускиот министер Шојгу се сонча топлес на Црното Море предизвикаа бес, особено што истите се појавија само две недели откако Ксенија беше домаќин на рускиот претседател Владимир Путин и нејзиниот татко за време на посетата на Санкт Петербург.



На социјалните мрежи протекоа фотографии од ќерката на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу како ужива на плажа на Црното Море, пренесува „Директно.хр“.

Ксенија Шојгу е фотографирана топлес додека се сонча на плажа на брегот на Црното Море. На себе имала само црни гаќички, додека го држи стапалото на оној кој најверојатно ја сликал.

Инаку, Ксенија е најмладата ќерка на рускиот министер за одбрана, дипломирала на Економскиот факултет, а според некои извори моментално работи во „Гаспромбанка“. 

Ксенија е позната како миленик на нејзиниот татко, кој ја водел на бројни важни државни настани.

Таа се појави во медиумите како контра одговори на обвинувањата на критичарот на Путин, Навални, кој го обвини министерот за одбрана дека крие приходи.

Нејзината постара сестра, Јулија, е психолог по обука и го води Центарот за итна психолошка помош на Министерството за вонредни ситуации на Русија, по дипломирањето на Факултетот за психологија на Московскиот државен универзитет.


Фото: Принскрин/ Инстаграм

Слично

Поврзани вести