ЌЕРКАТА НА ГЛАСНОГОВОРНИКОТ НА ПУТИН НА ИНСТАГРАМ НАПИША - НЕ НА ВОЈНАТА: Објавата е избришана, но ја зачува новинар
Елисавета Пескова (24), ќерката на портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, на својот Инстаграм објави сторија поврзана со нападот на Украина. Имено, Пескова објави црн квадрат кој вели „не на војната“, хаштаг кој често се користи меѓу противниците на руската инвазија во рускојазичното подрачје. Објавата, која во меѓувреме беше избришана, беше повторно објавена од новинарот на Би-Би-Си, Френсис Скар.
Да потсетиме, ќерката на сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, Софија, вчера со драматично соопштение се приклучи на хорот богати Руси кои отворено го нападнаа Владимир Путин за инвазијата на Украина. 27-годишната наследничка, која поголемиот дел од времето го поминува во Лондон, сподели објава на Инстаграм со слика од распнатиот Путин со порака: „Најголемата и најуспешната пропагандна лага од Кремљ е дека повеќето Руси стојат на страна. Путин“, напиша таа.
Извор и фото: Индекс.хр
Liza Peskova, the daughter of Putin's spokesman, has posted this "No to war" message on her Instagram stories pic.twitter.com/vHlu029OIO
— Francis Scarr (@francska1) February 25, 2022
