Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЌЕ ЗАМРЗНЕМЕ ДО СМРТ, БЕГАЛЦИ НЕ СЕ ВРАЌАЈТЕ ВО УКРАИНА“: Кличко побара од Западот ќебиња и зимска облека

„ЌЕ ЗАМРЗНЕМЕ ДО СМРТ, БЕГАЛЦИ НЕ СЕ ВРАЌАЈТЕ ВО УКРАИНА“: Кличко побара од Западот ќебиња и зимска облека

Градоначалник на Киев, Виталиј Кличко ги повика сојузниците на Украина да испратат ќебиња, генератори и зимска облека додека земјата се подготвува за сурова зима во услови на големи прекини на електрична енергија. Русија ја разорува Украина со крстосувачки ракети и беспилотни летала чија цел е електричната инфраструктура на земјата.

Украинскиот вицепремиер Ирина Верешчук во вторникот ги предупреди украинските бегалци во други земји да не се враќаат дома до пролет.

Во телевизиското интервју таа рече: „Сакам да ги замолам луѓето да не се враќаат. Мораме да ја преживееме зимата“. Таа рече дека електричната мрежата „нема да преживее“ ако бегалците се вратат од странство и предупреди дека „само ќе се влоши“.

Последните податоци на Агенцијата на ОН за бегалци покажуваат дека има повеќе од 7,7 милиони бегалци од Украина низ Европа. Сега 51-годишниот градоначалник на Киев предупредува дека Украина е на работ на уште една хуманитарна криза додека Русија продолжува со своите немилосрдни напади врз електраните.

Тој исто така предупреди: „Хуманитарниот ризик е доста висок, ако Украинците имаат можност да останат надвор од Украина оваа зима, ве молиме останете таму. Ние правиме се што можеме за да ги спасиме животите на нашите луѓе и да ги заштитиме. Но оваа зима дефинитивно ќе биде голем предизвик за нас“, рече тој.

Киев и другите региони на Украина страдаат од недостиг на електрична енергија со предупредувања дека тие би можеле да траат со недели или месеци.

Кличко ја критикуваше промената на тактиката на Путин, велејќи дека неговиот напад врз енергетската инфраструктура на Украина покажува колку е очаен тој да обезбеди некаква победа, колку и да е мала.

„Путин ја напаѓа нашата инфраструктура и му ја претставува на својот народ како уништување на Украина... Тој само сака аплауз од нив“, рече Кличко.

Во следните неколку денови ноќните температури во Украина се очекува да паднат и до -20 степени во некои области.


Слично

Поврзани вести