Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе воведе ли Трамп смртна казна за дилерите на дрога?

Ќе воведе ли Трамп смртна казна за дилерите на дрога?

Доналд Трамп денеска ќе објави план за борба против кризата од зависност од опијати/опиоиди, што вклучува и барање за смртна казна за дилери на дрога. Оваа идеја тој ја претстави пред една недела во текот  на едночасовниот кампањски говор.

Американскиот претседател го  повика Конгресот на САД да ги заостри законските мерки со кои се одредува казна за шверцерите со дрога.

Целта на овој план е да се намали добивањето на рецепти за употребата на опијати/опиоиди за една  третина во наредните три години, со тоа што ќе ја промовира праксата за намалување на претераното препишување опијати/опиоиди во сојузната програма за здравствена нега, изјавија официјални лица на брифинг за новинари.

Своите предлози Доналд Трамп ќе ги претстави на настан во сојузната држава Њу Хемпшир, која е тешко погодена од „опиоидна епидемија“


Слично

Поврзани вести