Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе успее ли Меркел да состави влада во цајтнот?

Ќе успее ли Меркел да состави влада во цајтнот?

Германија и натаму нема нова влада бидејќи коалиција меѓу партијата на Меркел со ФДП, ЦСУ и Зелените и натаму не е договорена, а времето истекува. На можен неуспех предупреди и пратеникот во Бундестагот и заменик-претседателот на Партијата на слободни демократи (ФДП) Волфганг Кубички, кој изјави дека преговорите ќе бидат продолжени до утре, и доколку не биде постигнат напредок ќе бидат „прогласени за мртви“.

– Рокот е до утре до 18 часот. Тое е многу амбициозно, но и остварливо, нагласи Кубички.

Тој наведе дека, сепак, бројот на отворени прашања за кои преговараат Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел, нејзината сестринска Христијанско-социјална унија (ЦСУ), ФДП и Зелените, во меѓувреме се зголемил.

Меркел сакаше воведните преговори да бидат завршени во четвртокот, но рокот беше продолжен поради несогласувањата на партиите во однос на прашањата за миграцијата, климатски промени и финансиите, меѓу останатите теми.


Слично

Поврзани вести