Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ОДБРАНАТА: За оваа намена ќе им одат 5,25 проценти од БДП

ЌЕ ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ОДБРАНАТА: За оваа намена ќе им одат 5,25 проценти од БДП

Литванија ќе издвојува 5,25 проценти од БДП за одбрана.

Оваа година Литванија издвои 3,93 проценти од БДП за одбрана, со цел да се подготви за создавање копнена дивизија и прием на германска бригада што ќе биде стационирана кај нив. 

Премиерот Гинтаутас Палукас денес изјави дека земјата ќе издвои 5,25 проценти од бруто домашниот производ (БДП) за одбрана од буџетот следната година.

Тој изјави дека финансирањето на одбраната ќе се обезбеди и преку приходите од државниот буџет и преку позајмени средства, јавува литванскиот јавен сервис ЛРТ.

НАТО повика на зголемување на трошоците за одбраната. И Полска веќе се изјасни дека ќе вложува повеќе пари за одбрана, но и сака да ја има најсилната армија во Европа. 

foto EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Слично

Поврзани вести