Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ТРГНЕ ОД ТУЛОН: Каква помош испраќа Макрон во Газа?

ЌЕ ТРГНЕ ОД  ТУЛОН: Каква помош испраќа Макрон во Газа?

Франција ќе испрати брод на морнарицата за „поддршка“ на болниците во Појасот Газа.

Претседателот Емануел Макрон денеска најави дека Франција испраќа помош за болниците што се изложени на ризик од колапс под израелското бомбардирање и опсада.

„Бродот „ќе го напушти Тулон во следните 48 часа“, рече францускиот претседател за време на заедничката прес-конференција во Каиро со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси.

Франција ќе испрати авион со медицинска опрема во Египет за да биде пренесен на палестинската територија. 

Тој смета дека копената офанзива на Газа ќе биде грешка. 

Американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера се согласија да има непрекинат проток на хуманитарна помош во опколениот Појас Газа, соопшти Белата куќа.

foto Facebook/Emmanuel Macron

Слично

Поврзани вести