Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СТИГНАТ ЛИ ВАКЦИНИТЕ ОД АСТРАЗЕНЕКА ВО МАКЕДОНИЈА: Најголемиот производител, Индија, привремено го забрани извозот

ЌЕ СТИГНАТ ЛИ ВАКЦИНИТЕ ОД АСТРАЗЕНЕКА ВО МАКЕДОНИЈА: Најголемиот производител, Индија, привремено го забрани извозот

Поради се поголем број на новозаразени во Индија, имунизацијата во оваа земја ќе мора да се забрза, соопштуваат индиските власти, заради што истовремено го забранија извозот на вакцините од компанијата АстраЗенека. Британскиот сервис Би-Би-Си пишува дека забраната е само привремена, но дека може да се одрази на најавеното добивање одредени количества дози во останатите земји во светот.

Со ваквиот потег на Индија засегнати се дури 190 земји во светот кои чекаат да стигнат вакцините од АстраЗенека преку Ковакс програмата.

Истовремено, Индија во моментов е најголемиот производител на вакцините од британско/шведсктата компанија кои се пороизведуваат во Институтот за серум. Засега е познато дека испорака нема да има во Велика Британија и во Бразил, но и во уште неколку земји.


Слично

Поврзани вести