ЌЕ СИ ЈА ПОГАЗАТ ЛИ ГОРДОСТА: Нов ултиматум за Хари и Меган пред самиот погреб на кралицата
Принцот Хари и Меган Маркл се предупредени да ги решат нивните несогласувања со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон предизвикани од нивното интервју со Опра Винфри.
Неславното интервју „ја преминало линијата“ и ги оставило принцот и принцезата од Велс вознемирени и лути, изјавиле извори за Mirror. Парот добил наредба да се извини за интервјуто и да ги признае мотивите зад него, сето тоа пред погребот на кралицата. Четворицата веќе се појавија во јавноста заедно по смртта на кралицата, сите положија цвеќе и беа видени во Вестминстерската опатија во средата.
Упатени се грди обвинувања, дали парот ќе се покае?
Имено, за време на интервјутокај Опра во 2021 година, Хари и Меган зборуваа за нивната разделба од кралското семејство. Тие исто така открија дека се загрижени за бојата на кожата на нивниот син Арчи и рекоа дека кралот Чарлс III престанал да одговара на телефонските повици на Хари.
Меган рече дека се чувствувала суицидно, но не и било дозволено да побара помош. Парот, исто така, откри дека тајно се венчале пред нивната кралска венчавка и објавија дека ја очекуваат својата ќерка во летото 2021 година. Раздорот предизвика тензии во кралското семејство, при што Хари и Меган наводно не биле поканети на приемот на кралот Чарлс III.
Многумина се надеваа дека Вилијам и Хари ќе се помират по контроверзното интервју, откако се појавија рамо до рамо да ја оплакуваат својата покојна баба. Војводата и војвотката од Сасекс им се придружија на новиот принц и принцеза од Велс и другите членови на кралското семејство на мал приватен собир во Бакингемската палата во вторникот вечерта за да го примат ковчегот на кралицата пред да биде положен во Вестминстерската сала.
ФОТО: EPA/JESSICA TAYLOR / UK PARLIAMENT /