Ќе се врати ли кризата во Еврозоната?
Според министрите за финансии на Европската унија, постојат низа проблеми кои го отвораат прашањето: Се враќа ли кризата во еврозоната?
„Недостаток од конкурентност, прекумерен дефицит, недостаток на контрола врз банките, сето тоа се проблематични области кои не се решени. Кога се во прашање структурните реформи и фискалната консолидација, жителите во северна Европа себе се гледаат изложени на се’ почести обвиненија дека јужните земји ги туркаат кон штедење“, пишува „Дојче Веле“, нагласувајќи дека причините за кризата кои ја погодија Европската унија се’ уште не се отстранети.
Европската централна банка која преку политика на евтини пари, давање можност да се откупат државните обврзици ја прикрива кризата. Иако ЕУ бележи економски раст, сепак, според експертите, причините за кризата не се отстранети.
Слично
