Ќе се сретнат ли Путин и Зеленски?
Москва не отфрла директен контакт меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски.
Помошникот на рускиот претседател во делот на надворешните работи, Јуриј Ушаков вели дека за да се случи средбата, постојат одредени услови, и треба детална подготовка.
„Никој нема да се сретне со Зеленски без причина“, изјави Ушаков, пренесен од Тасс.
Ушаков додаде дека Путин засега не планира средба со американскиот колаг, претседателот Џо Бајден. За руско-украинските преговори, вели дека „сè е запрено“. Тој потсети дека последната тет-а-тет средба меѓу руските и украинските делегати беше во Истанбул, во април.
Зеленски претходно кажа дека може да се сретне со Путин, но прво руските војници да се вратат на позициите кои ги имаа пред 24 февруари.
Слично
