ЌЕ СЕ СЛУЧИ ЛИ УШТЕ ЕДНА „АРАПСКА ПРОЛЕТ“: Неодстигот од шеќер, брашно и млеко за бебиња создава револт
Земјите од јужниот и источниот Медитеран се увозници на
основните прехранбени производи. Ако
цената на храната и енергијата продолжат да растат, би можеле да избијат немири
на југот и на истокот на Медитеранот, каде пред 10 години избувнаа серија
политички бунтови - познати како „арапска пролет“, предупреди шефот на Унијата
за Медитеранот.
- Проблемот е многу сериозен. Земјите од јужниот и источниот Медитеран се увозници на основни прехранбени производи, особено житарки. Некои се дури 90 отсто зависни од нивниот увоз - вели Насер Камел, генералниот секретар на Унијата за Медитеранот во интервју за Хина.
Падот на испораките на жито од Украина и Русија, кои се главни светски извозници, доведе до „вртоглаво зголемување“ на цените на храната во земји како Мароко, Алжир, Тунис, Либија, Египет и Либан.
- Поскапувањето беше огромно. Но, по договорот за слободен премин на бродови со украинско жито низ Црното Море, цената се врати на прифатливо ниво - вели Камел.
Унијата за Медитеранот е организација со седиште во Барселона, која вклучува 43 земји. Во четвртокот се одржа форум на кој беше констатирано дека прекинот на испораката на храна дополнително ја влошува тешката социо-економска состојба предизвикана од пандемијата.
- Египет увезува 50 проценти од храната, а со оглед на неговите 107 милиони жители, тој е и најголемиот увозник на жито во светот - вели Камел. Во Тунис, земјата од која започна „арапската пролет“ во 2011 година, граѓаните сега се соочуваат со недостиг од шеќер, путер и брашно. Особено е тешко да се најде млеко за бебиња.
Покрај сето тоа, состојбата ја влошуваат и климатските промени кои се доста изразени во овој дел од светот.
ФОТО: YouTube