Ќе се рушат 3 облакодери во Истанбул, го уништувале погледот!
Три големи облакодерите кои го ограничуваат погледот над историскиот дел на Истанбул, треба да бидат уништени. Вака пресуди судот во Истанбул, објави „Хуриет дејли њуз".
Изградбата на трите згради со 37, 32 и 27 ката во населбата Зетинбурну, во европскиот дел на Истанбул, силно ја разгоре дебата во земјата, бидејќи по изградбата тие се забележуваат зад минарињата на џамијата Сулејман и ја уништиле панорамата која постоела претходно.
Во својата одлука судот објасни дека облакодерите се нелегални, бидејќи лошо влијаат врз објект од светско наследство, кој турската Влада е должна да се брани.
Претставник на компанијата која ги градела зградите рече дека оваа одлука на Управниот суд се уште не е конечна и може да се поднесе жалба.
Премиерот Реџеп Таип Ердоган рече минатиот месец рече дека побарал од бизнисменот Месут Топрак да ја намали висината на зградите, која според него не одговара на изгледот на Истанбул, пренесоа светските агенции.
Слично
