Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СЕ РЕШИ ЛИ ЕВРОПА ЗА УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ LOCKDOWN? Се разгорува вирусот повторно

ЌЕ СЕ РЕШИ ЛИ ЕВРОПА ЗА УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ LOCKDOWN? Се разгорува вирусот повторно

Дали Европа ја уништи најдобрата шанса за да прогласи крај на пандемијата на корона вирусот на своето тло? Секојдневните анализи од Шпанија, Франција, Германија покажуваат највисоки бројки на новозаразени на дневна основа од почетокот на ширењето на Ковид-19 и според познавачите, сосема е оправдан стравот дека Европа ја уништи својата шанса за искоренување или барем скротување на болеста.

Европејците се надеваа дека летово ќе ги ублажат рестрикциите на патувањата без некои поголеми последици, зошто е многу помалку веројатно дека луѓето ќе се заразат додека се на отворен простор и на потопло време. Но, според анализата на престижниот Блумберг, се чини дека експериментот пропадна. Август се уште не е ни завршен, а бројот на новозаразени практично „експлодира во цела Западна Европа, а и во источните земји, кои некако го избегнаа пролетниот бран, сега ситуацијата не е многу подобра. Во текот на пролетните месеци, германија која беше шампион во сузбивање на вирусот, сега бележи бројки од дури над 2.000 новозаразени на дневна основа, што е најголем скок од април наваму.

За ваквата ситуација, многумина упатуваат остри критики и обвинуваат дека границите се прерано отворени, зошто податоците и анализите во одделни земји покажуваат дека дури 40 % од новозаразените, конкретно во Германија, се поврзани со патувања во странство. Слично е и во Италија, првиот најжесток епицентар на европскиот континет, бидејќи таму сега една третина од новите заболрни се луѓе кои биле на одмор и повторно го вратиле вирусот во земјата.

Анализите покажуваат и дека голем број случи во Европа се должат и на ноќниот живот и журките, и како пример ја наведуваат Франција со речиси 5.000 нови инфицирани пријавени во неделата. Не е ни чудо што еврокомесарот за трговија Фил Хоган сега е под притисок да даде оставка, откако присуствувал на вечера со 80 гости.

За среќа, бројот на хоспитализации и бројот на смртни случаи сега е далеку помал од претходно, но европските лидери иако се уште се на ставот дека не треба да има цврста изолација, не ја исклучуваат можноста и за уште еден голем LOCKDOWN во текот на есенските и зимските месеци, за кои сметаат дека воопшто нема да бидат лесни.


Слично

Поврзани вести