Ќе се приватизира британската државна пошта?
Ќе се приватизира државната пошта „Royal mail“, најави британската влада, пренесува „BBC“. Иако се планира 10 отсто од акциите да им припаднат на вработените, сепак, синдикатите изразија револт од ваквата најава.
Министерот за вработување и претприемништво, Мајкл Фалон, изјави дека токму сега е дојдено времето кога државната пошта треба да се „ослободи“ и приватизира, со што ќе добие можност слободно да позајмува пари на пазарот, без да чека одлука на Владата.
Со продажбата на британската државна пошта се очекува да се соберат две до три милијарди евра.
Како потенцијални купувачи се споменуваат „ТНТ“ и „ДХЛ“.
Слично
