Ќе се повлекуваат монетите од еден и два центи?
Европската комисија соопшти дека размислува за повлекување на центите од употреба. Имено посочуваат оттаму сите факти одат во прилог на идејата за повлекување од употреба на монетите од еден и два цента во еврозоната, но стравуваат од негативна реакцијата на граѓаните поради можноста тоа да доведе до раст на цените. Од Комисијата велат оти трошоците за изработка на еден и два центи до 2020 година ќе достигнат 1,4 милијарди евра.
Во соопштението стои и дека реакциите на граѓаните се спротивставени, од една страна луѓето тврдат дека ги сакаат центите се плашат од раст на инфлација ако има повлекување, но од друга страна скоро и да не ги користат.
Слично
