Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се основа ли банкарска унија?

Ќе се основа ли банкарска унија?

Во обид да решат длабоки несогласувања околу начинот на надгледување и гаснење на банки кои имаат големи проблеми и на кои им се заканува престанок на работата, министрите за финансии од еврозоната денеска ќе имаат состанок  во Луксембург.

Ирска, која беше една од државите најтешко погодени ор финансиската криза, минатиот викенд соопшти дека во декември ќе излезе од тригодишната програма вредна 85 милијарди евра. Таа вест од Ирска како и тоа дека Грција не бара итна нова помош укажува дека надминати се во голем дел проблемите на еврозоната, јавуваат западни медиуми.

Сепак се поставува прашањето што е следно?

Во врвот на глобалната финансиска криза амбициозниот план кој требаше да обезбеди даночни обврзници да не плаќаат веќе за спасување на проблематични банки, имаше доволно смисла заедно до поострата координација на економската политика меѓу владите на државите од ЕУ

Според Дојче банка  основањери на  банкарска унија „звучи како економски рационален план, и доколку биде спроведен на вистински начин, многу ќе ја подобри финансиската стабилност во Европа и собено во еврозоната“.

Меѓутоа извештај од таа банка  покажува дека проблемот е што тој план страда од две клучни спротивности.

– Од една страна постои шизофрен став на државите членки во поглед на неопходен степен наднационалност заради зачувување на финансиски стабилен меѓубанкарски пазар за финансиски услуги. Од друга страна постојат спротивни очекувања и мотиви на државите членки во поглед на банкарската унија, се вели во анализа на Дојче банк.

Заради должничката криза еврозоната веќе договори Единствен надзорен механизам наменет за регулирање на банкарскиот сектор под закрила на Европската централна банка и кој треба да почне со работа во крајот на следната година.

Следен чекор е основање Единствен механизам за решавање за банкарската унија кој ќе се занимава со гаснење банки кои не можат да бидат спасени. Министрите од еврозоната утре ќе продолжат со разговори со уште 11 колеги од држави кои не се членки на Унијата.

Слично

Поврзани вести