ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ: Имаа добри односи со Русија, ама ќе го уапсат Путин ако стапне кај нив
И Ерменија се приклучи на државите кои би го уапсиле рускиот претседател Владимир Путин.
Уште една постсоветска земја, дел од воениот блок на Кремљ, им се придружи на државите од кои ќе се бара да го уапсат рускиот претседател Владимир Путин по налог издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС). Денеска Уставниот суд на Ерменија ја одобри ратификацијата на парламентот на Римскиот статут, главниот документ според кој работи МКС. Обврските содржани во Римскиот статут не се во спротивност со Уставот на Ерменија. Одлуката е конечна и влегува во сила од моментот на објавување. Над 120 земји, вклучително и оние во ЗНД, се членки на МКС и ја признаваат неговата јурисдикција.
Меѓу нив е и Јужна Африка, каде Путин беше поканет на самитот на БРИКС закажан за август. Одлуката за патувањето на рускиот претседател во Јужна Африка „се уште не е донесена“, изјави во петокот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Претходно, тој го нарече налогот на МКС „правно неважечки“ и нагласи дека Русија не ја признава одлуката на судот.
На 22 март бразилските власти предупредија за можно апсење на Путин во случај на посета. Министерот за надворешни работи Мауро Виеира рече дека рускиот претседател „несомнено се соочува со последици“ доколку планира да ја посети земјата.
Кремљ сѐ уште не знае како да се справи со налогот од Хаг, кој беше целосно изненадување за руското раководство, изјавија за медиумот „Медуза“ извори блиски до претседателската администрација.
Русија се закани дека онаа земја која ќе го уапси Путин ќе биде цел на напад. Руските власти велат дека ако се случи да го уапсат Путин во Германија, сите руски ракети ќе летаат кон Бундестагот.
Ерменија пред неколку месеци се дистанцираше од Русија. Ерменските власти кажа дека е несоодветно вежбите на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) да се одржуваат на нејзина територија оваа година. Ставот го соопшти премиерот Никола Пашинјан. Русија е земја која го гарантира мирот во регионот Нагорно - Карабах за кој војуваа Ерменија и Азербејџан.
