Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРИТАНИЈА ДАДЕ „АМИН“: Ќе се екстрадира ли Асанж во САД

БРИТАНИЈА ДАДЕ „АМИН“: Ќе се екстрадира ли Асанж во САД

Владата на Обединетото кралство го потпиша барањето за екстрадиција на Џулијан Асанж. Британскиот министер за внатрешни работи, Саџит Џавид го потпишал барањето на САД за екстрадиција. Основачот на Викиликс во САД се соочува со обвинение за хакирање и објавување јавно на тајни владини документи.

Министерот Џавид изјавил дека Асанж заслужено е зад решетки, барањето за негова екстрадиција ќе се најде на суд утре, но тој веќе ги потпишал документите и веќе потпишано ќе оди на суд, пренесуваат медиумите од регионот.

„Конечната одлука ја носи судот,јас сум за спроведување на правдата и барањето на легитимно, па затоа и го потпишав“, потенцирал Џавид.

Основачот на Викликс ги негира обвинувањата против него.

Американкото правосудство го обвини Асанж за формирање на здружување за вршење на кибер пиратерија, криминал за кој може да биде осуден на пет години затвор откако му помогна на армискиот аналитичар Челзи Менинг да пристапи до илјадници тајни документи во 2010 година.

Слично

Поврзани вести