Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се дознае ли причината за уривањето на рускиот авион?

Ќе се дознае ли причината за уривањето на рускиот авион?

Авијациските експерти ја проучија состојбата на црната кутија на авионот Ту-154 на Министерството за одбрана на РФ, а исто така успеаја без проблем да ја дешифрираат зачуваната снимка. 

Ова за „Лајф“ го изјави извор близок до истрагата. Додава дека лентата која ги снимала разговорите меѓу екипажот и разговорите во пилотската кабина, не била оштетена.

„Разговорот престанува кога едниот од пилотите извикува: „Клапите, да ти се плукнам!“ А потоа се слуша крик: „Командиру, паѓаме!“- кажа изворот.

Извор во оперативниот штаб на местото на несреќата ја потврди оваа верзија. „Според првичните податоци, на авионот нерамномерно се активирале клапите, поради нивното некревање силата на подигање била загубена, брзината не била доволна за да се постигне висина и авионот паднал“, изјави тој, пренесува „Лента.ру“.

Во авионската несреќа загинаа сите 92 лица, а руските медиуми шпекулираа за можните причини за уривање на авионот, како технички проблеми, човечка грешка, како и дека е можно авионот да бил премногу натоварен.


Слично

Поврзани вести